Top Sport

Жорди Алба ќе ја напушти Барселона

Еден од клучните играчи на Барселона, Жорди Алба, се подготвува да го напушти клубот, објавија шпанските медиуми. Алба е член на Барселона од 2012 година, кога на „Ноу Камп“ пристигна од Валенсија.

Жорди Алба има договор со Барселона до јуни 2020 година. Клубот се обидува да го продолжи договорот со 29-годишникот, но неговите барања биле не прифатливи за Барселона.

Доколку двете страни не најдат „заеднички јазик“ до завршувањето на сезоната, тогаш Барселона во летниот преоден рок ќе го продаде Алба.

Интерес за еден од најдобрите леви бекови во светот покажуваат неколу силни европски тимови, пред сите Јувентус, Пари Сен Жермен, Манчестер сити и Манчестер Јунајтед.

Доколку Алба замине од Барселона, клубот ќе се обиде во летното преоден рок да го донесе Фелипе Луис од Атлетико Мадрид, кој во јуни ќе биде слободен играч.

Scroll to Top