Дуелот од НФЛ плеј-офот меѓу Далас каубојс и Сиетл сихокс беше одбележан со една од најстрашните повреди видени на спортските терени.
Ресиверот на Каубојс, Ален Харнс во седмата минута од мечот ја загуби рамнотежата, а еден играч на Сиетл му падна на скочниот зглоб, кој целосно се сврте. По шокантната повреда следуваше пауза од 20-тина минути, а „Фокс ТВ“, американската Тв-куќа реши снимката веќе да не се покажува поради вознемирувачката содржина.
Харнс веднаш беше однесен на операција, а неговите Далас стигнаа до 24:22 победа над Сиетл и пласман во следното коло.
Уште едно предупредување, ова навистина не е за тие со слаб стомак!
Not for the squeamish, but here’s the Allen Hurns injury. It’s gruesome. pic.twitter.com/2JARVLixza
— Tom Downey (@WhatGoingDowney) January 6, 2019
Dam son, allen hurns is got a bad deal roght there pic.twitter.com/CG0ycM0A5c
— Dookster329 (@dookster329) January 6, 2019