Top Sport

Сити со бизарна анти-Јунајтед клаузула во трансферот на Диаз во Мадрид

Манчестер сити успеаја да „вметнат“ невообичаена анти-Манчестер јунајтед клаузула во трансферот на Брахим Диаз во Реал Мадрид.

18-годишниот Диаз ќе отпатува на „Сантијаго Бернабеу“ со трансфер вреден 15.5 милиони фунти, плус 6.5 милиони фунти бонуси, а исто така успеаја во договорот да уфрлат дека со секој нареден трансфер тие ќе добиваат 15% од парите. Освен ако трансферот не биде во Манчестер јунајтед, во кој случај, Сити ќе добијат фантастични 40% од трансферот.

Брахим дојде во Сити од Малага како 14-годишник и беше сметан за еден од најголемите таленти во нивната академија, но немаше голема шанса во првиот тим на Пеп Гвардиола. Во трансферот со Реал нема опција за враќање во Сити, но тие барем обезбедија дека ќе „ќарат“ во иднина, и ќе обесхрабрат трансфер во градскиот ривал.

Фото: ЕПА

Scroll to Top