Top Sport

Рублев и Чунг по трофејот во „Некст џен“

Првиот носител Андреј Рублев и корејскиот ас Хјеон Чунг ќе се борат за титулата на првиот „Некст џен“ турнир во Милано по различните победи во своите полуфиналиња.

Рублев го „здроби“ 20-годишниот врсник Борна Чориќ во три сета со 4:1/4:3(6)/4:1 за нешто повеќе од еден час за импресивна победа и пласман во финалето. Хрватот сигурно ќе зажали што и во последниот меч по групи се бореше во пет сета и покрај тоа што беше пласиран, бидејќи против Русинот изгледаше исфрустриран и без моќ. Дури и неговиот тренер Кристијан Шнајдер во вториот сет му порача преку слушалките (кои се дозволени на овој турнир), да му даде „повеќе моќ“.

„Не знам што да направам повеќе“, одговори Чориќ.

Рублев сега ќе има шанса да се одмазди за тешкиот пораз од Јужнокореецот Хјеон Чунг, кој за малку ќе пропуштеше предност од два сета, но на крајот го продолжи совршениот скор во Милано со 4:1/4:1/3:4(4)/1:4/4:0 победа над уште еден Русин, Данил Медведев.

ПОЛУФИНАЛЕ

Рублев (Рус) – Чориќ (Хрв) 4:1/4:3(6)/4:1

Чунг (Кор) – Медведев (Рус) 4:1/4:1/3:4(4)/1:4/4:0

Scroll to Top