Искусниот центар Предраг Самарџиски (32) повторно го облече дресот на МЗТ Скопје. Самарџиски, како слободен играч, со екипата од „Јане Сандански“ потпишал договор до крајот на сезоната.
Претходните две сезони Самарџиски ги играше во Мега Бемакс, а во сезоната 2014/2015 играше за МЗТ Скопје.
Вискокиот центар во тимот доаѓа на местото на повредениот Љубомир Младеновски.
Самарџиски во богата кариера настапувал за Водњански лисици, Партизан, ФМП Железник, Лијетувас Ритас, Олин Едрине, Мерсин, Анкара, Бујукчекмече и Мега.