Италија доживеа незгоден пораз од 1:0 од Шведска во Стокхолм за сериозно да си ги загрозат шансите за пласман на СП во Русија, но многу фанови на интернет едноставно сакаат да знаат што тоа се случуваше со Џорџо Кјелини и Андреа Барѕаљи?
Кјелини и Барѕаљи можеби добро се согласуваат, но дали до толку добро се согласуваат. Италијанските фанови на Твитер останаа зачудени од „скринштотот“, и прв акаунт кој реагираше беше „Калчатори брути“ со прашањето: „Што гледаат моите очи?“.
Cosa vedono i miei occhi. #SveziaItalia pic.twitter.com/aRkHyi9lwB
— CALCIATORI BRUTTI (@CB_Ignoranza) November 10, 2017
Сепак, подвижните ТВ снимки покажуваат дека фотографијата е само „фатена“ во вистински момент. Во реалноста, Кјелини се врти, додека Барѕаљи го удира по вратот. Во еден момент нивните глави се среќаваат за да креираат ваква илузија.