Хоакин Санчес ќе го продолжи договорот со Бетис до 2020 година и ќе ја заврши кариерата во матичниот клуб на 39-годишна возраст, тврдат шпанските медиуми.
Хоакин ја игра 18.сезона во кариерата, која ја започна во тимот од Севилја, а настапувал и за Валенсија, Малага и Фиорентина.
Крилниот напаѓач оваа сезона во шпанското првенство еднаш има постигнато три гола.
За шпанската репрезентација има одиграно 51 натпревар.