Капитенот на Интер, Мауро Икарди луто реагираше на последните написи на „Газета дело спорт“, посочувајќи дека неговата сопруга Ванда Нара ќе остане негов агент до крајот на кариерата.
Ова е уште една епизода во „сагата“ на Икарди и неговата обнова на договорот со Интер, откако Нара го одби последниот предлог на „нераѕурите“. „Газета“ во четвртокот објави дека Интер ќе побара од Икарди да го смени агентот бидејќи со неговата сопруга „не се преговара“ и додаде дека на Нара и е „многу тешко“ да балансира со бракот и улогата на нејзин агент.
Икарди се налути.
„Од каде доаѓаат овие фрази? Како е можно ’Ла Газета’ да пишува вакво ѓубре? Сакам да посочам дека сум презадоволен од работата која ја врши Ванда. Поради оваа причина, Ванда Икарди секогаш ќе се грижи за моите интереси до крајот на кариерата“, напиша Икарди на Твитер.
#MI9 pic.twitter.com/KMajynsTZt
— MauroIcardi (@MauroIcardi) January 10, 2019