Германија го декласира Бразил 34:21, во второто коло на Светското првенство. Бразилците кои вчера одиграа одличен меч против Франција, против Германците немаа никакви шанси.
Германија фуриозно го отвори натпреварот, а победата ја најави по првите 15 минути кога кога прими два, а постигна девет гола.
Предноста од седум гола Германците ја одржуваше без никакви проблеми. Куриозитет на овој натпревар е дека сите германски репрезентативци постигнаа барем еден гол.
Најефикасен со девет гола беше играчот на ПСЖ, Уве Генсхајмер. Кај Бразилците се истакна Толедо со пет гола.
Во третото коло, в понеделник во А-групата ќе играат Србија-Бразил, Русија-Германија и Франција-Кореа.