Фудбалерите на Милан се пласираа во четврт-финалето во домашниот Куп. Тимот на Џенаро Гатузо по 120 минути игра на гостински терен ја победи Сампдорија со 2:0.
Милан во првиот дел се закани преку Чалханоглу, Игуаин и Кастилјехо. По слично сценарио се играше и во вториот дел , а нај сериозната шанса за Милан ја имаше дебитантот Лукас Пакета.
По 90 минути игра на „Мараси“ немаше голови. На почетокот на продолженијата кај Милан во игра влезе Патрик Кутроне кој го реши победникот со головите во 102. и 108.минута.
Милан во наредната рунда ќе игра против победникот од пресметката помеѓу Сасуоло и Наполи.
Претходно Лацио ја оправда фаворитската улога против Новара со 4.1.