Угледниот германски магазин „Ауто мотор унд спорт“ известува дека јуниорскиот тим на Ред бул, Торо росо може дури да ја пропушти последната трка од сезоната во Абу Даби.
„Торо росо е како магацин за резервни делови за стари автомобили“, признава советникот на Ред бул, Хелмут Марко.
Шефот на Рено, Сирил Абитебул потврди дека ситуацијата со резервните делови на моторот на францускиот производител е на критична точка.
„За тие компоненти е потребно долго време да се изградат. Две недели едноставно не е доволно време“, вели Абитебул.
Петочниот тренинг пред Бразилското ГП помина катастрофално а тимот, откако Пјер Гасли и Брендон Хартли имаа проблеми со моторот. На болидот на Гасли откажа МГУ-Х уредот и тој комплетираше пет кругови, добивајќи дополнителна казна од 15 места за вкупно да стартува со минус од 25 места во Интерлагос. Моторот на Хартли откажа со густ чад во утринската сесија.