Искусниот голман на македонската ракометна репрезентација, Борко Ристовски, во првите две кола, против Јапонија и Бахреин одбрани 25 удари и е лидер на во оваа статистичка категорија заедно со Унгарецот Роналд Миклер.
Вистински тест за 36-годишниот голман ќе бидат наредните три натпревари што Македонија во Б-групата ќе ги одигра против Хрватска, Шпанија и Исланд.
Прв тест за Рисотвски и неговите колеги ќе биде вечерашниот меч против Хрватска од 18 часот.
„Бевме претпазливи во првите два натпревари, на крајот рутински победивме, но мора да знаеме дека ова вистинското допрва следува. Ништо не сме направиле доколку бидеме поразни од противниците што се посилни од Јапонија и Бахреин. Мораме да останеме концентрирани, целта е јасна, мораме да победиме во некоја од наредните средби“, рекол Ристовски.
Голманот нема добро искуство од соработката со актуелниот селектор на Хрватска, Лино Червар и во Металург и во репрезентацијата на Македонија.
„Не ми треба Червар за да се мотивирам за Хрватска. Натпревар против таква селекција е доволен мотив. Тоа е репрезентација која е меѓу најдобрите пет во светот, има одлични играчи и на секое натпреварување оди со највисоки амбиции. Не размислувам за Лино Червар и нема да му посакам среќа во наредниот меч бидејќи ќе игра против нас. Но на хрватските играчи им посакувам најдобар резултат на крајот од првенството“, дополнил Рисотовски.