Роџер Федерер и Марин Чилиќ со лесни победи ја затворија програмата на првиот натпреварувачки ден во Мелбурн. На Австралија опен 2019 Швајцарецот и Хрватот стартуваа со максимални победи над Денис Истомин, односно Бернард Томиќ.
Федерер не потроши многу енергија, а успеа со максимален резултат да го победи талентираниот Истомин. Швајцарецот направи по еден брејк во секој од трите сета и славеше со 6/3, 6/4, 6/4.
Швајцарецот во второто коло ќе игра против Британецот Даниел Еванс, кој преку квалификациите се пласира на главниот турнир. Еванс во првата рунда со 3:0 го победи Јапонецот Тацуму Ито.
Малку повеќе труд за пласман во второто коло вложи Чилиќ против австралискиот Хрват Бернард Томиќ.
За половина час, со два брејка Чилиќ го доби првиот сет 6/2, потоа за 45 минути и еден брејк го доби вториот сет 6/4, а во третиот ја испушти предност од еден брејк, мораше да игра тај-брејк и го заклучи мечот со 7/6.
Противник на Чилиќ во второто коло ќе му биде Мекензи Мекдоналд. Американецот, 83. на АТП листата го победи Андреј Рубљов од Русија со 3:1.