Јавниот обвинител на Турција побарал кошаркарот на Њујорк Никс, Енес Кантер (26), да биде ставен на цвената потерница на Интерпол. Турција бара од САД да и биде екстрадиран Кантер под обвинение дека бил поврзан со неуспешниот државен удар во 2016 година.
За лидер на неуспешниот државен удар Турција го обвини верскиот лидер Фетулах Гулен. Кошаркарот е обвинет дека припаѓа на движењето на Гулен.
Кантер веќе неколку години во јавноста го критикува турскиот претседател Ердоган, а дури и го нарече за Хитлер на 21. век. Поради таквите коментари и обвиненијата за терористичко делување, Кантер не смее да се врати во татковината.
Пред две години Кантер, поради потерницата која по него ја има распишано Турција, кошаркарот беше уапсен во Романија. Тогаш успеа да се спаси благодарение на американскиот пасош што го поседува.
Меѓтоа доколку се најде на црвената потерница, тогаш земјите членки на Интерпол, меѓу кои се и САД, мора да реагираат, да го уапсат и да го екстрадираат во Турција.
Неодамна, Кантер не отпатува со својот тим во Лондон, бидејќи стравувал дека може да биде убиен.
NBA star @Enes_Kanter hasn’t spoken to his family in years because he’s a vocal opponent of his country’s government — but the NY Knick says sacrifices are necessary to challenge the man he calls ‘the Hitler of our century’ pic.twitter.com/GfVjt7ZU7K
— NowThis (@nowthisnews) January 14, 2019