Бразилскиот фудбалер Енрике мораше да добие медицинска помош, но за среќа помина без посериозни последици, откако го удри гром на младински меч во Диадема во близината на Сао Пауло.
Дефанзивецот на Агуа Санта тимот, Енрике навистина немаше среќа, откако на мечот против Атлетико Минеиро на У-20 Копа Сао Пауло турнирот, беше погоден од гром. Фотографиите го покажуваат фудбалерот како лежи на клупата откако невремето предизвика прекин на мечот.
Horror as football player gets struck by lightning during match in Brazil: Agua Santa defender Henrique had a lucky escape despite being struck by lightening during an under-20s match in Sao Paulo https://t.co/08QSFRJD7H
— Football Talk ⚽️ (@fballtalkuk) January 15, 2019