Top Sport

Фјури засекогаш ќе биде кошмар на Кличко

 

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури во „отворено писмо“ преку Твитер до Владимир Кличко му порача дека „секогаш ќе го прогонува во кошмарите“ и планира да го направи истото со Ентони Џошуа наскоро.

Самопрогласениот „Џипси кинг“, повторно е активен со големи ветувања дека ќе се врати во рингот, иако немаше боксувано од славната ноќ во Диселдорф кога пред речиси две години го совлада Кличко да му ги одземе шампионските појаси.

По ова следуваше долгата пауза поради проблемите со депресијата и дрогата, но во последните два месеци тој имаше низа пораки кон ИБФ и ВБА шампионот Ентони Џошуа предизвикувајќи го на меч.

„Владимир, не сфаќам зошто си толку огорчен од поразот од ’Џипси кинг“. Секогаш зборуваш за поразот од Џошуа и колку тој е голем, но на крајот ти загуби со технички нокаут во меч кој дотогаш беше 50-50. Во нашиот меч, ти не успеа да упатиш ниту еден удар и сакаше да се играш. Знам дека нема да признаеш на светот, но знаеш кој е најдобриот. Тоа го знае и Виталиј. Не очекувам ништо од вас, но знаете што се случи. П.С. Ќе те гонам во кошмарите засекогаш, д-р Кличко, бидејќи секогаш ќе знаеш дека не можеше да го победиш дебелиот циган“, напиша Фјури.

Scroll to Top