Колумбиецот Хамес Родригес, кој како позајмен играч од Реал игра во Баерн Минхен, ќе биде примарна цел на Наполи во зимскиот преоден рок, пренесе „Калчомеркато“.
Тренерот Карло Анчелоти добро ги познава квалитетите на Колумбиецот. Тукму во ерата на италијанскиот тренер во 2014 година Родригез од Порот се пресели во Реал.
Родригез се наоѓа на две годишна позајмица во Баерн. Германците потоа ќе имаат можност за 35 милиони евра да го откупат неговиот договор, меѓутоа таму не се сигурни дали сакаат да го здржат.
Поради тоа Анчелоти се надева дека ќе успее да го постигне договор за да го донесе Колумбиецот во Наполи.
Хамес Родригез во кариерата играл за Порто, Банфилд и Енвигадо.