Белорусија и САД се израмнети 1:1 по првиот ден натпреварување во Фед куп финалето, откако 19-годишната Арина Сабаленка ја победи шампионката од САД опен, Слоун Стивенс за да ги задржи шансите на домаќините.
Во првиот меч, Коко Вандевеге ја продолжи „жешката“ серија во Фед купот, совладувајќи ја со 6:4/6:4, Алиаксандра Саснович, по што на сцената стапи новата надеж на белорускиот тенис, Арина Сабаленка.
Тинејџерката во тешки три сета со 6:3/3:6/6:4 ја совлада Стивенс во интересен меч за 1:1 по првиот ден. За Стивенс пак, ова е продолжување на лошата низа – Американката нема ниту една победа по неочекуваниот трофеј на Флешинг Медоуз.