Алваро Мората ги договорил личните услови со Атлетико Мадрид, останува уште клубовите да усогласат деталите околу позајмицата на напаѓачот.
Како што пренесуваат англиските и шпанските медиуми, проблем претставува плата на Мората. Тој во Челси неделно заработува 120.000 фунти, а Атлетико би се согласиле да му плаќаат половина од тој износ.
Исто така Атлетико ќе треба да плати три милиони евра за позајмицата. Доколку постигнат се усогласат, тогаш во договорот на Мората ќе стои и клаузула дека Атлетико ќе може да го откупи неговиот договор по завршувањето на сезоната за 40 милиони евра.
Во исто време, челниците на Атлетико работат и на трансферите на Никола Калиниќ и Желсон Мартинш за да отворат простор за Мората.
Калиниќ и Мартинш во летниот преоден рок го засилија Атлетико но не ги оправдаа очекувањата.