Аргентинскиот капитен Лионел Меси ќе ја „прескокне“ пријателската на Аргентина против Нигерија во вторник, откако реши да се врати во Барселона по 1:0 победата над Русија во саботата.
Меси одигра 90 минути на новиот „Лужники“, и учествуваше во акцијата по која Серхио Агуеро го постигна победничкиот гол. Меѓутоа, тој нема да патува за Краснодар, каде што се игра вториот пријателски тим на тимот на Хорхе Сампаоли и ќе се врати во Шпанија.
„Нема многу време за подготовки и ќе мора да работиме напорно. Убаво е да се игра за аргентинскиот дрес“, изјави Меси по мечот во Москва.
[SELECCIÓN MAYOR] Lionel Messi fue desafectado y no estará en Krasnodar ante Nigeria. Viaja tras la victoria ante Rusia rumbo a Barcelona. pic.twitter.com/MgR6OHlvGR
— Selección Argentina (@Argentina) November 11, 2017