Top Sport

Кличко преговара за враќање и мечеви со Џошуа и Фјури?

Владимир Кличко е на чекор пред објавување на враќање во боксерскиот ринг за три големи меча, вклучувајќи мечеви против Ентони Џошуа и Тајсон Фјури, двајцата британски тешкаши кои го победија во неговите последни мечеви.

Кличко, кој ќе наполни 43 години во март, наводно преговара за богат договор со веб-сајтот „ДАЗН“, со план во кој прво ќе боксува со послаб противник во Германија, по што би дошол дуелот со 30-годишниот Фјури кој му ги зеде ВБА, ИБФ и ВБО титулите во ноември 2015, за „круна“ да биде пресметка со Ентони Џошуа, кој го нокаутираше пред рекордни 90.000 гледачи на „Вембли“ во април 2017 година.

Покрај ова, Украинецот би добил лукративен договор да биде амбасадор на „ДАЗН“, компанија која веќе зад себе го има Кристијано Роналдо.

Scroll to Top