Бразилецот Фред е последниот во низата на фудбалери на Манчестер јунајтед кој стана татко, откако неговата сопруга Моник Салум се породи со бебето Бенжамин во средата. 25-годишниот Фред се пофали со фотографија на Инстаграм набргу по веселата вест.
„Кога се раѓа дете, родено во срцето на родители љубовта е поголема од животот и повечна од времето. Добре дојде на светот мој сакан сине. Те сакаме многу, Бенжамин“, напиша Фред.
Тој се приклучува на колегите Ромелу Лукаку и Пол Погба во „клубот на нови татковци“, откако девојката на Лукаку Сара Менс се породи со синот Ромео пред Божиќ, а партнерката на Погба, Марија Салауес го пречека првото дете веднаш по нова година.
Покрај тоа, Србинот Немања Матиќ стана татко по третпат откако сопругата Александра се породи со Аника во Лондон, и „бејби-бумот“ не застанува тука – Виктор Линделоф, Крис Смолинг и Матео Дармијан наскоро очекуваат принова!