Синот на Михаел Шумахер, Мик минатата година потврди дека тркањето е во крвта на германското семејство, откако ја освои Европската Ф3 титула и се подготвува 2019 година да оди на титулата во Формула 2 сотимот на Према. Ферари, секако, го следат растот на синот на нивниот петкратен шампион.
Иако уште не е потврдено, се верува дека тој оваа година ќе биде дел од возачката академија на Ферари (ФДА), по што ќе може да добие шанса да тестира за тимовите со мотори на Ферари, Заубер и Хас, и дури да учествува на некоја петочна сесија.
Сепак, околу 19-годишниот возач има и такви кои му советуваат да не се брза премногу, посебно бидејќи во академијата на ФДА се возачи како Шарл Леклер (кој оваа година ќе вози во Ферари покрај Себастијан Фетел), Гуан Ју Жоу, Џулијано Алези, Антонио Фуоко, Енцо Фитипалди, Калам Илот, Џанлука Петекоф и Роберт Шварцман.