Top Sport

Жулио Цезар: Мурињо беше повеќе од татко за мене

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо бил „повеќе од татко“ за Жулио Цезар во текот на нивното заедничко време во Интер, изјави голманот.

Поранешниот бразилски голман беше дел од тимот на Мурињо во Интер кој ја освои Лигата од шампионите, Серија А и Копа Италија во 2009/10, пред португалскиот стручњак да замине за Реал Мадрид. Според Жулио Цезар, „херојскиот“ успех на Мурињо значи дека името на Португалецот уште е во срцето на сите фанови на „нераѕурите“.

„Мурињо беше повеќе од татко за мене кога бев во Интер. Во само две години, тој и неговиот тим помогнаа со сè. Интер му дадоа договор да донесе Лига на шампиони, титула која ја немаа освоено 42 години. За две години, тој го направи тоа. Беше вистински херојски потег. Тој тим на Интер ќе биде во срцето на сите навивачи на Интер засекогаш“, вели 38-годишниот голман.

Тој уште игра во тимот на Бенфика, иако во бразилскиот состав не е повикан од 2014 година, по историскиот 7:1 пораз од Германија во полуфиналето на Светското првенство на домашен терен. Цезар вели дека цел живот ќе се сеќава на тоа.

„За жал, ќе одговарам на тоа прашање цел мој живот. Досега, никој не даде одговор што навистина се случи. Се сретнавме со моќен тим кој од 2006 беше подготвуван да ја освои титулата.  Загубивме концентрација 10 или 15 минути и бевме сурово казнети“, додава Цезар.

Scroll to Top