Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо вели дека трансферот на Гонзало Игуаин не е „завршена работа“, но сепак, не го постави Аргентинецот за мечот со Џенова во понеделник.
„Ништо уште не е решено, така што ќе морате да зборувате со директорот Леонардо. Да бидам искрен, тој беше многу лош на тренингот и сите овие шпекулации не се добри за него. Зборував со него и тој се согласи со тоа. Сакам да видам во составот само фудбалери кои ментално се подготвени за меч, а Гонзало во моментов не е таков. Не сум разочаран, го сфаќам, и јас бев фудбалер“, вели Гатузо.
Веќе подолго време се очекува заминувањето на Игуаин во Челси, што потоа би повлекло заминување на Алваро Мората во Атлетико Мадрид, додека Милан би го купиле Кшиштоф Пјатек од Џенова со „ослободените пари“.
Фото: ЕПА