Top Sport

Роналдо ја прифатил казната за даночното затајување

Кристијано Роналдо ја прифатил условната затворска казна поради даночно затајување во Шпанија и се согласил да плати 18,8 милиони евра. Португалецот затаил данок во периодот од 2011 до 2014 година.

Шпанскиот суд му одреди на Роналдо 23-месечна затворска казна, меѓутоа нема да оди зад решетки бидејќи според законот во оваа земја, за ваков вид на криминал, казната станува условна доколку е помала од две години.
Роналдо денеска бил во Шпанија за да ја слушне пресудата. Тој во летниот преоден рок го напушти Реал и за 100 милиони евра се пресели во Јувентус.

Петкратниот освојувач на „Златната топка“ е само еден во низата фудбалери кои се осудени од шпанскиот суд поради даночно затајување. Пред него слично поминаа Лионел Меси, Лука Модриќ, Радамел Фалкао, Алексис Санчез…

Scroll to Top