Данска и Шведска пред очите на спортската јавност, на Европсското првенство во фудбал во 2004 година, го наместија својот натпревар (2:2) и ја елиминираа Италија од понатамошните борби.
Слично сценарио се најавува 15 години подоцна, разликата е само што сега овие земји ќе играат ракометен меч на Светското првенство, а „жртва“ треба да биде Норвешка.
Во пресрет на последното коло во Групата 2, Данска има осум бода, Шведска и Норвешка по 6. Денес од 18 часот Норвешка ќе игра против Унгарија, а Шведска и Данска дуелот ќе го започнат во 20:30 часот.
Норвежаните се фаворити против Унгарија, меѓутоа и со победа можат да останат без пласман во полу-финалето.
Како?
Доколку Норвешка ја победи Унгарија, а Шведска биде подобра од Данска, тогаш ќе биде формирана мини табела бидејќи трите селекции ќе имаат по осум бода.
Данска и Шведска ќе ја елиминираат Норвешка доколку Швеѓаните победат со два гола разлика и во исто време да не постигнат повеќе од 30 гола. Шведска може да победи и си три, четири или пет гола, но тогаш Данска мора да постигне најмалку 27 гола.
Во Групата 1 работите работите се јасни, во полу-финалето се пласираа Франција и Германија.