Бразилската УФЦ ѕвезда, Фабрисио Вердум херојски помогна да се спасат двајца тинејџери кои се давеа на една плажа во Калифорнија
41-годишниот Вердум со своето семејство уживал на плажата, кога дел од луѓето забележале двајца тинејџери кои се дават, а кога фајтерот сфатил дека има само еден спасувач на плажата, решил самиот да помогне.
„Возилото на пожарникарите застана пред нас, и јас и кажав на мојата сопруга Карин дека ќе помогнам, но таа ми велеше дека е опасно. Видов само две глави како врескаат: ’Помош!’. Беа на 70 метри од нас. Кога спасителот тргна по нив, јас тргнав по него, и стигнав заедно со него до нив. Му кажав да оди да ја земе девојката, која врескаше, а јас го земав момчето, кое веќе ја губеше свеста. Заедно стигнавме до плажата. Брановите беа големи, и девојката трипати потона“, вели Вердум.
Тој додава дека искуството било пострашно од било кој УФЦ меч.
„Тоа беше екстремна ситуација, многу полошо од борба. Нема споредба“, додава Вердум, поранешен шампион во УФЦ.