Огњен Врањеш повеќе нема да биде дел од првиот тим на Андерлехт, потврдил спортскиот директор на најтрофејниот белгиски клуб.
Клубот ќе се обиде да ослободи од репрезентативецот на Босна и Херцеговина до крајот на преодниот рок. Според белгиските медуми клубот ќе го пушти Врањеш да си оди дури и да не заработи ништо од трансферот.
Поранешниот играч на Црвена ѕвезда и АЕК Атина, ќе може да тренира со резервите, односно со У-21 тимот на Андерлехт.
Објаснувањето на клубот за ваквата одлука однесувањето на Врањеш на теренот и надвор од него.
Огњен Врањеш, поради секс аферата со српската пејачка Јелена Крлеуша, инаку сопруга на неговиот поранешен соиграч Душко Тошиќ, две недели е во центарот на вниманието на регионалните медиуми.
Претходно фудбалерот го навлече гневот на пошироката јавност кога ги поддржа хулиганите на АЕК и кога на раката истетовира лик на четнички војвода.