Лино Червар, од почетокот на Светското првенство во ракомет, редовно е главна вест во хрватските медуми. Оркако вчера Хрватска ја победи Франција (23:20), Червар директно му се обрати на еден новинар, кој во својот текст на „Index“ напишал дека „селекторот е најслабата алка во хрватската репрезентација“.
Хрватите, претпладнево пристигнаа во Хернинг, каде утре од 20.30 часот ќе играат против Шведска за петтото место.
Червар пред новинарите се извинил за вчерашното свое однесување и најавил дека ќе се повлече од функцијата.
„Секако дека ќе заминам, тоа и го најавив. Се вратив за да помогнам, а на Хрватска секогаш ќе и бидам на располагање. Реков дека сигурно ќе заминам наредната година. Но морате да имате разбирање се уште сум на СП и ме чека уште еден натпревар“, рекол поранешниот тренер на Металург и селектор на Македонија.