Top Sport

Федор со порака за Конор: Тој треба да ја затвори муцката

Руската ММА легенда, Федор Емелианенко му порача на Ирецот Конор Мекгрегор да внимава што зборува по контроверзите пред и по дуелот со Хабиб Нурмагомедов.

42-годишниот Емелианенко се подготвува за тоа што може да биде негов последен ММА меч против Американецот Рајан Бејдер на Белатор ГП во Калифорнија овој викенд и човекот со прекар „Последниот император“ не е задоволен од „отровните“ коментари и навреди кои ги упатуваше Мекгрегор кон Нурмагомедов.

„Мене лично, не ми се допаѓа што прави Мекгрегор. Треба да внимава што зборува. Хабиб требаше по победата да го земе микрофонот и да каже кој е Мекгрегор и каде припаѓа. Не го знам Хабиб, мислам се сретнавме и разменивме неколку зборови, но добив впечаток на културен и позитивен фајтер. Како спортист е УФЦ шампион, не може повисоко од тоа“, вел Емелианенко.

Scroll to Top