Вест хем јунајтед се подготвени да платат до 45 милиони фунти за да ја исполнат клаузулата во договорот на напаѓачот на Селта Виго, Макси Гомез, со што ќе му дадат залено светло на Марко Арнаутовиќ да замине од клубот.
„Чеканите“ имаат доста напаѓачи, но мораат да внимаваат на Арнаутовиќ, кој откако беше изненадувачки поврзуван со Манчестер јунајтед, сега изгледа блиску до преселба во Кинеската Суперлига. Арнаутовиќ би останал на „Лондон стадионот“ до крајот на сезоната, но замена веќе се бара.
Според „Телеграф“, Вест хем ќе платат 43.3 милиони фунти за 22-годишниот Гомез пред крајот на преодниот рок. Гомез се смета за наследник на Луис Суарез во уругвајската репрезентација, откако во 18 мечеви во Ла лига оваа сезона постигна 9 гола и 5 асистенции.
Фото: ЕПА