Кими Раиконен иако има 39 години ќе ја стартува новата Формула 1 сезона во својот прв тим, Заубер, откако Ферари решија да му дадат шанса на Шарл Леклер, оставајќи го Финецот без место.
Неговиот менаџер и добар пријател Стив Робертсон вели дека кога од Ферари му соопштиле на Финецот дека нема да му го продолжат договорот, тој воопшто не помислил на повлекување, иако сите го очекуваа тоа.
„Кога му кажаа дека нема договор, Кими самиот реши да се активира. Почна со дијалог со Заубер и саскаше да продолжи. Се сретна со сите главни луѓе во тимот, и со шефот Фред Васер и менаџерот Беат Цендер, кои забележаа дека тој не планира да си оди. Кими веднаш ги праша за плановите за следната сезона и сметаше дека може да продолжи и да понуди нешто на тимот и на Ф1“, вели Робертсон.