Top Sport

Икарди со најдобрата роденденска честитка за својот посинок (видео)

Мауро Икарди покажа дека има големо срце, откако на својот Инстаграм профил имаше посебна честитка за својот посинок Валентино Мане за неговиот роденден, видео со честитки од низа славни фудбалери, вклучувајќи ги и Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

25-годишниот капитен на Интер успеа да ги убеди и Лука Модриќ и Пауло Дибала да му го честитаат 10-тиот роденден на малиот Валентино, син на неговата сопруга Ванда Нара. Честитки поделија и Матео Ковачиќ, Лаутаро Мартинез, Единсон Кавани, Раџа Наинголан, Хавиер Занети, Самуел Ето и уште многу фудбалски ѕвезди. Фантастично!

Покрај тоа, тука секако беше и големата торта во боите на „нераѕурите“.

 

Scroll to Top