Петкратниот шампион Луис Хамилтон повторно ќе биде најплатениот Формула 1 возач со година сума од фантастични 57 милиони долари, во обид Мерцедес да ја продолжат победничката низа.
Во топ 3 е неговиот главен ривал Себастијан Фетел од Ферари со сума од 45 милиони долари, додека трет е новиот возач на Рено, Даниел Рикардо кој ќе добие 17 милиони долари. По пензионирањето на Фернандо Алонсо и заминувањето на Кими Раиконен во Заубер, Рикардо ќе биде поплатен од неговиот поранешен колега од Ред бул, Макс Ферстапен.
На дното, дебитантот Александер Албон е најслабо платениот возач, додека Роберт Кубица е најдоброплатен од „новите“ возачи во 2019, иако Полјакот има огромно искуство.
ПЛАТИ НА Ф1 ВОЗАЧИТЕ ВО 2019
1.Луис Хамилтон (Мерцедес) 57.000.000 $
2.Себастијан Фетел (Ферари) 45.000.000 $
3.Даниел Рикардо (Рено) 17.000.000 $
4.Макс Ферстапен (Ред бул) 13.500.000 $
5.Валтери Ботас (Мерцедес) 8.500.000 $
6.Кими Раиконен (Заубер) 4.500.000 $
6.Нико Хилкенберг (Рено) 4.500.000 $
8.Карлос Саинс Јуниор (Мекларен) 4.000.000 $
9.Шарл Леклер (Ферари) 3.500.000 $
9.Серхио Перез (Рејсинг поинт) 3.500.000 $
11.Роман Грожан (Хас) 1.800.000 $
12.Пјер Гасли (Ред Бул) 1.400.000 $
13.Ленс Строл (Рејсинг поинт) 1.200.000 $
13.Кевин Магнусен (Хас) 1.200.000 $
15.Роберт Кубица (Вилијамс) 570.000 $
16.Данил Квјат (Торо Росо) 300.000 $
17.Лендо Норис (Мекларен) 260.000 $
18.Антонио Џовинаци (Заубер) 230.000 $
19.Џорџ Расел (Вилијамс) 180.000 $
20.Александер Албон (Торо Росо) 170.000 $