Тренерот на фудбалерите на Њукасл Јунајтед, Рафа Бенитез, не гарантирал дека ќе останел во клубот до крајот н сезоната. Изјавата на шпанскиот тренер доаѓа како последица на неактивноста на клубот во зимскиот преоден рок, кој завршува в четврток.
Њукасл Јунајтед, во актуелниот преоден рок, не потпишаа ниту еден нов фудбалер. На клубот му пропаднаа трансферите на Желсон Мартинс од Атлетико Мадрид, откако Португалецот се реши кариерата да ја продолжи во Монако, додека Џордан Лукаку остана во Лацио бидејќи не ги мина лекарските прегледи.
Бенитез, чии договор истекува по завршувањето на сезоната, рекол дека клубот и понатаму е активен на трансфер пазарот, но дека не е сигурен дека клубот ќе донесе некое засилување.
Тренерот одговарајќи на новинарско прашање не можел да каже дали ќе ја заврши сезоната во клубот.
„Не, не можам ништо да гарантирам. Можам само да гарантирам дека ќе и бидам посветен на работата“, рекол Бенитез.
Запрашан дали би заминал од клубот во четврток, доколку не пристигнат фудбалерите што ги барал од клубот, тој рекол.
„Да почекаме до четврток, потоа ќе видиме“.
По 23.рунди во Премиер лигата, Њукасл Јунајтед се на 17.место на табелата со 21 бод.