Кошаркарите на Црвена ѕвезда ја декласираа Олимпија 89:61 и на четири кола до крајот на регуларниот дел од сезоната ја обезбедија првата позиција во АБА-лигата.
Црвена ѕвезда успеа да стави крај на серијата од три порази, во АБА-лигата и Еврокупот, а победата против Олимпија играчите во црвено-бело ја обезбедија по првото полувреме. Клучна беше втората четвртина која домашните кошаркари ја добија со разлика од 15 поени.
Црвена ѕвезда ја предводеа Добриќ со 15 поени, односно Човиќ со 10 поени и 12 асистенции. На спротивната страна се истакна Лапорник со 14 поени.
По 18 натпревари Црвена ѕвезда има скор 17/1, додека Олимпија остана на пет победи и до крајот ќе се бори за опстанок во лигата.
До крајот на регуларниот дел ќе биде интересна борба за позициите два, три и четири за кои конкурираат Цедевита, Будуќност и Партизан.
фото/aba-liga.com