Пари Сен Жермен испрати јасна порака до својот најдобра играч, Нејмар, откако биле презентирани резултатите од анкетата, во која 84 отсто од Французите сметаат дека тој ги провоцира противничките дефанзивци.
Нејмар „игра опасно“ биле најчестите забелешки во истражувањето направени од француското радио РТЛ.
Од клубот на Нејмар, на анкетата, одговориле со објавување на едно минутно видео со неговите најдобри потези и со јасна порака.
„Нејмар не менувај ништо“.
Surtout ne change rien, @NeymarJr ❤️? pic.twitter.com/ZwTeQhIpRv
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) February 2, 2019
„Сакаме да бидат запрени сите тие лажни истражувања, која можат само да го оддалечат фудбалскиот гениј од нашето првенство“, пишива во клупското соопштение.
ПСЖ објавија дека во францускиот шампионат над Нејмар биле направени 44 прекршоци (3,3 по натпревар), а во Лигата на шампионите бил фаулиран 5,9 пати по натпревар.
Бразилецот десет недели ќе биде надвор од тимот на ПСЖ поради повредата на стапалото.