Вилјареал и Еспањол одиграа 2:2 во првиот меч од неделната програма во Ла Лига. „Жолтата подморница“ не успеа да победи иако во последните 15 минути влезе со предност од 2:0.
Тешка борба за опстанок ги очекува фудбалерите на Вилјареал до крајот на сезоната. Ниту промената на тренерот не го раздвижи тимот. Вилјареал остана на претпоследната позиција на табелата со скромни 19 бода.
Играчите на Вилјареа одиграа две различно полувремиња. Беа одлични во првото, во кое Ибора постигна гол, а поранешниот играч на Еспањол Џерард Морено пропушти неколку добри шанси, а во второто полувреме исчезнаа од теренот, иако од пенал Санти Казорла зголеми на 2:0.
Фудбалерите на Еспањол доминантната партија во второто полувреме ја круниса со два гола во периодот од 74 до 81 минута.
Најпрвин Бонера си постигна авто-гол, а потоа израмни Росалес со спектакуларен гол.