Top Sport

Антовски од Вардар замина во Динамо

Играчот на Вардар и младински репрезентативец на Македонија, 18-годишниот Филип Антовски, кариерата ќе ја продолжи во Динамо Загреб. Хрватските медиуми пишуваат дека Динамо го добил талентираниот лев бек за сума од 25.000 евра.

За потписот на Антовски до последен момент во игра биле двата најпопуларни хрватски клуба, Хајдук и Динамо. Наводно иако од Хајдук понудиле повеќе пари за трансферот, меѓутоа од Динамо со Вардар и фудбалерот веќе од претходно ги договориле сите услови, а и Антовски имал желба да игра во најтрофејниот клуб во Хрватска.

Антовски во Загреб најпрвин ќе треба да се докаже во вториот тим, доколку го покаже квалитетот ќе му биде приклучен на сениорскиот тим.

Scroll to Top