Њу Ингланд Петриотс ја освоија титулата во 53 издание на Супербоул. Петриотс во финалето одиграно во Атланта ги совладаа Лос Анџелес Ремс 13:3. Петриот ја освоија шестата титула и на вечната листа се израмнија со Питсбург Стилерс.
Финалето не ги оправда очекувањата, ќе влезе во историјата како финале во кое се постигнати најмалку поени. На полувремето резултатот беше 3:0 бидејќи одбраната на Петриотс целосно го уништи нападот на Ремс.
Квотербековите на двата тима Том Брејди и Џаред Гот не беа под константен притисок. Сепак легендарниот Брејди го реши финалето во последната четвртина, кој започна да испорачува добри топки во нападот.
Клучниот момент на мечот се случи на седум минути до крајот кога Петриотс успеаја да го направат единствениот тачдаун.
Том Брејди стана најстариот освојувач на титулата,а тренерот Бил Белчик најстариот тренер што стигнал до титулата.
За МВП на финалето е прогласен играчот на Њу Ингланд Џулијан Еделман кој мечот го заврши со 141 јарди од десет фаќања.