Капитенот на ракометната репрезентација на Србија, Немања Илиќ (28), до крајот на сезоната ќе го носи дресот на Барселона, пишува „Лекип“.
Левото крило на Тулуз во Барселона ќе пристигне како „медицински џокер“, а ќе го пополни местото на Каспер Мортенсен.
Данецот по освојувањето на златниот медал со својата репрезентација на Светското првенство замина на операција на коленото.
Илиќ е првиот Србин по пауза од 11 години што ќе го облече дресот на Барселона. Во сезоната 2007/2008 за Блауграна играше Петар Ненадиќ.