Хрватскиот тренер Игор Памиќ си замина од челното место во црногорскиот клуб ОФК Титоград од Подгорица откако не му беа донесени ветените засилувања, а истата вечер му е украдено неговото БМВ со „фин истарски пршут внатре“.
ОФК Титоград, порано познат како Младост (од 1991 до 2018), е клуб од чии редови дојдоа имиња како Дејан Савичевиќ, Рефик Шабанаџовиќ, Предраг Мијатовиќ, Никола Јовановиќ, Стеван Јоветиќ, а во 2016 година беше шампион на Црна Гора.
„Претседателот на клубот Владан Вујовиќ ми откри дека не е изводливо да донесат засилувања, а ми продадоа пет играчи, и така не можев да се борам за титула. Но, се разделивме господски, иако плановите се сменија за четири месеци. Ги оставив на четири поени од лидерот Сутјеска. За нив сум скап тренер. Кражбата на БМВ-то? Ништо во животот не е случајно. Не е убаво чувството, но нема да ми ја расипат Црна Гора. Верувам дека полицијата ќе го реши тоа. Не ми е толку до колата, туку до пршутот што беше внатре. Се работеше за навистина фин истарски пршут“, вели 49-годишниот поранешен фудбалер на Динамо Загреб.