Португалскиот тренер Жозе Мурињо прифатил 12 месечна затворска казна поради затајување на данок во Шпанија. Мурињо, поради шпанските закони, нема да оди зад решетки, туку казната затвор е условна.
Шпанските медиуми објавија дека Португалецот, во вторникот, се појавил пред судот, каде ја прифатил казната за даночно затајување.
Мурињо бил обвинет дека затаил данок во периодот од 2011 до 2012 година, кога работел како тренер на Реал Мадрид.
Според шпанските закони за ненасилни прекршоци за кои затворската казна е помала од две години се одговара само финансиски.
Пред неколку недели поради ист прекршок на 23 месеци затвор беше осуден Кристијано Роналдо. Поради пресудата Роналдо плати казна од 18,8 милиони евра.