Top Sport

Емотивна порака од Фелипињо до Фелипе во последната домашна трка

Неделната трка во Интерлагос беше последна домашна за Фелипе Маса, откако ветеранот потврди дека заминува во пензија по крајот на сезоната во Абу Даби, по што доби порака преку радиото од неговиот седумгодишен син Фелипињо.

Маса имаше одлична трка, во која двапати беше во борба со својот поранешен колега Фернандо Алонсо, за на крајот да заврши на седмото место.

По ова следуваше емотивната размена на пораки од боксот на Вилијамс.

„Тато, каде и да одиш, јас те сакам и ќе те поддржувам“, му порача Фелипињо на својот татко.

Scroll to Top