Роџер Федерер лесно го совлада Украинецот Александер Долгополов за пласман во четврт-финалето на Мастерсот во Шангај првпат од 2014 година.
Швајцарецот лани го прескокна турнирот, а во 2015 година загуби во второто коло од Алберт Рамос-Вињолас, но овојпат беше во одлична форма, и со ран брејк во двата сета забележа 6:4/6:2 победа. Следен за 36-годишниот ветеран е Ришар Гаске или со неговиот француски сонародник Жил Симон.
Претходно, светскиот рекет број 1, Рафа Надал го декласираше Италијанецот Фабио Фоњини со 6:3/6:1 зда обезбеди дуел со Бугаринот Григор Димитров, кој со 6:3/7:6(3) го совлада Сем Квери. Надал оди на својот прв трофеј од најсилниот кинески турнир.
Најинтересниот меч го одиграа Хуан Мартин дел Потро и Александер Зверев, откако Аргентинецот се врати од сет негатива за 3:6/7:6(5)/6:4 победа. 20-годишниот Германец беше блиску до победа откако го освои првиот сет и обезбеди тај-брејк во вториот, меѓутоа Дел Потро направи клучен мини-брејк, по што Зверев го искрши рекетот. Тој потоа загуби еден брејк во одлучувачкиот сет за незгоден пораз.
„Можете да забележите дека сум многу лут. Не сфаќам како можев да загубам меч во кој загубив само еден брејк во три сета и во кој не добив шанса на негов сервис. Мислам дека играв добро и затоа поразот е фрустрирачи“, вели Зверев.