Top Sport

Алонсо: Торо росо мора да се загрижени за брзината на Хонда

Фернандо Алонсо уште еднаш „удри“ по Хонда, посочувајќи дека тимот на Торо росо мора да е „алармиран“ од слабите перформанси на моторот на Хонда на Бразилското ГП.

Возачот на Мекларен-Хонда, Алонсо помина поголем дел од трката во Интерлагос зад Вилијамсот на Фелипе Маса со мотор на Мерцедес и иако се доближи до него доволно да го вклучи ДРС-уредот,  немашедоволно брзина да го помине.

Според Шпанецот неговите ривали се побрзи за „40 до 50 км/ч“ кога се зад него со ДРС-уредот и очигледно е задоволен што пред себе има само уште една трка со моторите на Хонда. Мекларен од следната година ќе вози со мотори на Рено, додека Хонда ќе соработува со Торо росо.

„Недостатокот на моќ беше навистина неверојатен. Бев многу блиску до Фелипе неколку пати, но и со ДРС тој ми бегаше. Мислам дека во Торо росо треба да се загрижени. Штета што не можевме да бидеме поблиску до ривалите. Вчера заостанувавме 25 км/ч, а денеска сигурно 40 или 50, што е неверојатно што завршуваме пред било кого“, вели Алонсо.

Scroll to Top