Борац од Бања Лука, еден од најпознатите клубови од Босна и Херцеговина одби да излезе на второто полувреме од пријателскиот меч со Марибор во Белек, откако по првите 45 минути губеа со 4:0.
Борац, кои се лидери во втората лига на БиХ, пак, тврдат дека Марибор ветиле дека нема да настапат со првиот состав и сметаат дека словенечкиот тим едноставно не се држел до договорот. Колку е силен Марибор во однос на босанскохерцеговскиот второлигаш најдобро зборува фактот што вчера тие одиграа 1:1 со Спартак Москва.
„Баравме меч за нашите јуниори и тие кои не се во првиот тим. Ни го понудија младиот тим на Марибор, а кога излеговме на терен тука беа Таварес, Мешановиќ и Вршиќ, кои беа осоколени да даваат голови на 15-годишен голман. Сакав да го прекинам мечот по 20 минути, но решивме да играме едно полувреме“, вели за „Спортспорт.ба“ лутиот тренер на Борац, Дарко Војводиќ.
Test št. 2 v Beleku trajal le 45′, tekmeci pri 0:4 niso želeli nadaljevati z igro. Čeprav ni igral nihče iz prvih 11 proti Spartaku in smo imeli po dogovoru predvideni 2 enajsterici za današnji dvoboj, so se s klopi Borca po vmesnem pritoževanju odločili za odhod z igrišča. pic.twitter.com/TzYysaCQhm
— NK Maribor (@nkmaribor) February 7, 2019