Интернационалниот параолимписки комитет (ИПОК), по 29 месеци им ја укина суспензијата на руските натпреварувачи. Официјално суспензијата ќе престана да важи на 15 март.
ИПОК, во соопштението наведува дека руските реформи, што биле спроведени во борбата против допингот и ограничувањето на мешањето на државата, биле доволни за на земјата да и биде дозволено учество на Олимписките игри во Токио во 2020 година.
ИПОК се откажале од барањето руските власти да го признаат извештајот на истражителот на Светската анти-допинг агенција, Ричард Мекларен. Поради овој извештај, во август 2016 година, беше суспендиран Рускиот параолимписки комитет.
Претседателот на ИПОК, Ендру Парсонс, рекол дека Русите исполниле 69 од 70 услови и дека активностите на параолимпискиот комитет на оваа земја ќе бидат надгледувани најмалку до 2022 година, што значи дека автоматски ќе следува суспензија доколку Русите повторно ги прекршат правилата.
Руските параолимпијци не учествуваа на Летните олимписки игри во 2016 година, во Рио де Жанеиро, додека на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг минатата година, 30 спортисти од оваа земја се натпреваруваа под името „неутрални параолимписки спортисти“.