Тимур Дибиров, одигра брилијантен меч против Рајн Некар во Манхајм, постигна седум гола во победата на Вардар 30:27, поради што се најде во идеалниот тим на 11 коло во Лигата на шампионите.
Вардар, во Манхајм, освои значајни бодови во борбата за второто место на табелата. Црвено-црните се втори со 15 бода, три помалку од лидерот Барселона и еден повеќе од Веспрем и Кјелце кои се на позициите три и четири.
Тимот на 11 коло во Лигата на шампионите:
Голман: Венсан Жерар (Монпелје)
Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар)
Лев бек: Михал Јурецки (Кјелце)
Среден бек: Барис Покхуски
Десен бек: Иван Сршен (ППД Загреб)
Десно крило: Лук Абало (ПСЖ)
Пивот: Јаник Колбахер (Рајн Некар)
Најдобрите седум можете да ги погледнете на следниот линк.